Деми Мур е во врска со 30 години помладиот Ник Џонас

Актерката Деми Мур е во врска со музичарот Ник Џонас. Ова го пишува „Радар онлајн“ кој вели дека 55-годишната актерка и 30 години помладиот Ник ги запознала нејзината ќерка Рамер Вилис. Истиот медиум додава дека Деми и Ник сакаат да ја чуваат врската далеку од јавноста, па засега нема ниту една нивна заедничка фотографија.

Деми, по бракот со музичарот Фреди Мур, се омажи за Брус Вилис, а потоа беше во брак со 16 години помладиот Ештон Кучер. По разводот од Ештон, таа имаше неколку врски со мажи дваесетина години помлади од неа.

Scroll to Top