Денис Родман уапсен, возел пијан

Кошаркарската НБА-легенда и играч на клубот „Чикаго Булс“ во 90-тите години од минатиот век, Денис Родман, бил уапсен во Јужна Каролина поради сомнение дека возел под дејство на алкохол.

Родман, кој е познат по тоа што е и голем пријател на лидерот на Северна Кореја Ким Ѓонг-ун, бил уапсен во саботата вечерта поради насилно возење, изјавија од локалната полиција.

Полициските службеници со лисици на рацете го однеле во полициска станица, каде што, како што пренесуваат медиумите, поранешниот кошаркар, паднал на тестот за проверка на алкохол во крвта.

Минал една ноќ во притвор, но бил ослободен кога полицијата се уверила дека бил доволно трезен за да си замине.

 

Scroll to Top