Џастин ја фатил Џенифер со Бред Пит

Џастин Терокс ја фатил Џенифер Анистон како се допишува тајно со Бред Пит. Тој нашол пораки преки кои поранешните сопружници се договараат да се сретнат во луксузен зимски центар во Америка. Ова е една од причините што бракот на Џенифер и Џастин е во криза. Тие веќе некое време живеат раздвоени, тој во Њујорк, таа во Лос Анџелес.

Според нивните пријатели, Џастин се обидува да го спаси бракот, па испланирал романтично патување во Мексико. Тој, велат пријателите, ќе направи сè за Џенифер да не се сретне со Бред.

Американските таблоиди веќе пишуваа дека Бред се кае што ја оставил Џенифер за Анџелина и дека сака да си дадат уште една шанса.

Scroll to Top