Џастин Трудо на насловната на ЛГБТ-магазинот „Атитјуд“

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, позира за насловната страница на меѓународниот ЛГБТ-магазин „Атитјуд“, кој е најпродаван и најнаградуван магазин за хомосексуалци во Британија. Трудо е на насловната на јануарското издание на магазинот. Во интервјуто тој зборува дека е важно да се почитуваат сите човекови права.

„ЛГБТ-заедницата стана симбол за борба за човекови права“, рекол во интервјуто.

Џастин Трудо одамна ја подржува ЛГБТ-заедницата. Тој неколкупати учествувал на парадата на гордоста, а на канадската парада одржана летово маршира заедно со премиерот на Ирска, Лео Вардкар, кој е хомосексуалец.

Scroll to Top