Џеј Зи потрошил 91.000 долари за една вечер на шампањ

Познатиот рапер Џеј-Зи беше на прославата на роденденот на својот близок пријател Хуан Перез, инаку директор на компанијата Roc Nation Sports, во барот  „Плејрум“ во Њујорк, каде што покажал колку е галантен.

Потрошил 91,135 долари, а на келнерот му дал бакшиш од 11.100 долари, пишува американскиот портал Page six.

Џеј Зи цела вечер нарачувал шишиња шампањ за својот пријател, неговата сопруга и уште двајца гости, а биле испиени 40 шишиња шампањ.

Сметката од барот заврши на социјалните мрежи, што предизвика лавина коментари, а има и такви кои сметаат дека оваа бројка е сепак мала.

Џеј Зи пред прославата во клубот „Плејрум“ пријателите ги однел на вечера што чинела 13.000 долари.

Раперот и неговата сопруга, пејачката Бијонсе, се познати по тоа што не штедат на подароци и прослави со своето семејство и пријатели.

Scroll to Top