Џеј Зи проговори за најтешките моменти со Бијонсе

Во разговорот меѓу Џеј Зи, Крис Рок, Вил Смит, Кендрик Ламар и Џеси Вилијамс, кој е пуштен на каналот Тидал, тој ја отвори душата за односот со Бијонсе.

„Ова е мојот реален живот. Само дотрчав до тоа некое место, на кое само ние двајцата изградивме голема прекрасна вила, од врската која не беше целосно изградена на темел на вистината по што почна да пука. Почнаа да се случуваат работи кои јавноста можеше да ги види. Тогаш моравме да дојдеме до точка каде рековме: „ОК, ќе го срушиме сето ова, и ајде да почнеме од почеток. Тоа е најтешката работа која некогаш ја направив“, призна Џеј Зи.

Тој додаде дека сакал овој пат да успее и да ништо не биде лажно…

„Дојдовме до момент каде беше потребно да ништо не биде лажно, ако сакаме да успее. Не велам дека не беше непријатно, затоа што очигледно беше, но поради тоа што ние го работиме тоа многу долго, беше подносливо“, истакна раперот.

Претпоставуваме дека мислел на тепачката со сестрата на Бијонсе во Соланж во лифтот и наведувањето за прељубата, кога раскажуваше за „тешките моменти“.

 

 

Scroll to Top