Џенифер Гарнер две години не била на љубовен состанок

45-годишната актерка Џенифер Гарнер неодамна се разведе од актерот Бен Афлек. Во едно скорешно интервју таа открила дека откако се разделила од Афлек не излегла на состанок со маж.

„Јас не одам на состаноци и воопшто не ми е гајле за тоа. Луѓето сакаат да ми организираат состанок, но им велам: ‘Не, благодарам’. Немам намера да изберам таков живот за мене и за децата. Не сум избрала осаменост. Јас само преминувам преку тоа“, вели Гарнер.

Гарнер и Афлек заедно ги имаат 11-годишната Вајолет, 8-годишната Серафина и 5-годишниот Самуел.

Scroll to Top