Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја накитија елката

Џенифер Лопез и Алекс Родригез вчера ја китеа новогодишната елка и веднаш објавија фотографии на „Инстаграм“.

И двајцата споделија дел од нивната домашна празнична атмосфера, а светските медиуми веднаш го објавија тоа како вест.

Ова ќе биде прв заеднички Божиќ на пејачката и спортистот.

Елката на Џеј Ло е во златни и црвени тонови, а освен нејзините две деца, близнаците Макс и Ема, кои ги доби во десетгодишниот брак со Марк Ентони , во украсувањето им помогна и блиска роднина на пејачката.

Родригез, пак, исто така има две деца, Наташа (13) и Ела (9) од бракот со Синтија Скуртис, од 2002 до 2008 година.

Џенифер периодов беше активна со турнејата во Лас Вегас, а во моментов во Њујорк снима со Ванеса Хадџенс и Леа Римини.

Scroll to Top