Џенифер Лопез доби приватен авион, подарок за Божиќ од саканиот

Џенифер Лопез и Алекс Родригез споделија фотографии на Инстаграм како ја китат заедно новогодишната елка и во понеделник е првиот заеднички Божиќ на двојката. Но, Алекс малку порано ја изненади Лопез со подарокот. Решил на својата сакана да и поклони нешто посебно, и скапо, па изборот паднал на приватен авион  кој вреди 40 милиони долари. Во авионот може да се возат 14 патници, а овозможува и прекуокеански летови. Џеј Ло и на Инстаграм споделила фотографија од првиот лет со авионот.

Scroll to Top