Џенифер Лопез секогаш е шик

Џенифер Лопез ужива во улогата на мајка и слободното време го минува исклучиво со децата. Па дури и во работните часови таа се дружи со близнаците. 48-годишната ѕвезда на паузата од снимањето на филмот „Second Act“ со колешката Ванеса Хаџенс во Њујорк беше забележана со нејзините 9-годишни близнаци Макс и Ема.

Во оваа пригода Лопез носеше софистициран шик аутфит, од кој најмногу внимание привлекуваше нејзиниот црвен капут.

Инаку „Second Act“ е романтична комедија, која во ќино ќе се прикажува следната година.

Scroll to Top