Џенифер Лоренс ѝ купи „порше“ на Крис Џенер

Актерката Џенифер Лоренс ѝ купи „порше“ на Крис Џенер за Божик. Џенифер вели дека мајката на Ким Кардашиан е нејзината најдобра пријателка, па затоа се одлучила за автомобил. Но, Крис, најверојатно, останала разочарана бидејќи автомобилот бил детска играчка.

„Џенифер ме праша што сакам за Божик и јас побарав „порше“. Природно. Девојката не ме разочара. Ти благодарам, Џен, те сакам“, напишала Крис на „Инстаграм“ под фотографијата со подарокот.

 

Scroll to Top