Џенцун Пема Вангчук е најмладата кралица во светот

Џецун Пема Вангчук е сопруга на кралот на Бутан, Џигме Кесар Намѓел Вангчук. Таа во 2011 година стана кралица на земјата, а имаше само 21 година. Младата кралица го освои својот народ со скромноста, доброто срце, со шармот, ама и со убавината. Таа има 27 години и е најмладата кралица во светот.

 

Џенцун се бори за зачувување на животната средина и сака да биде дел од голем број хуманитарни активности. Пред да стане кралица студирала меѓународни односи со психологија и историја на уметноста. Откако дипломирала, се вратила во Бутан, а кралското семејство најавило дека токму таа ќе се омажи со кралот познат како Кралот Змеј.

И таа и нејзиниот сопруг студирале во Англија. Двајцата се големи љубители на уметноста. Оваа кралска двојка ја нарекуваат „Кејт и Вилијам од Хималаите“, а нивната средба со војвотката и принцот беше проследена со големо внимание во целиот свет.

Кралицата секогаш со голема љубов зборува за својот маж, ама и тој не крие колку ја сака. Во едно интервју кралот Џигме рекол дека долго време чекал да ја најде вистинската жена. Во 2016 година Џенцун го родила нивниот син, принцот Џигме Намѓел Ванчук. Во негова чест во Бутан биле засадени 108.000 дрвја.

Scroll to Top