Џими Кимел бараше од порноактерка да опише каков му е пенисот на Доналд Трамп

Порноактерката Стефани Клифорд, позната под името Сторми Даниелс, синоќа гостуваше во популарната емисија на Џими Кимел. Нејзиното гостување следеше само неколку часа откако Трамп го одржа говорот.

На почетокот на емисијата гледачите имале можност да го слушнат ставот на Кимел и Даниелс  во врска со говорот на Трамп, а потоа Кимел ја замолил да му објасни, користејќи кукла, што точно Трамп ѝ правел.

Таа не сакаше да открие ништо, а остатокот од емисијата течеше во ист тон. Се чини дека таа го потврди потпишаниот договор, дека не смее да открие што било поврзано за наводната афера.

Џими Кимел изјави дека постоел таков договор и дека таа може слободно да се огласи на таа тема. Таа му одговори дека е многу паметен.

Само неколку часа пред нејзиното појавување во емисијата издадено е соопштение во кое Даниелс ја негира аферата со Доналд Трамп, пренесува „Дејли мејл“.

„Јас не ја негирам оваа афера затоа што добив пари, туку затоа што таа никогаш не се случила“, истакна таа.

Но, кога Кимел го спомна тоа во емисијата, таа негираше дека потпишала такво  нешто.

Кимел истакна дека нејзиниот потпис на писмото од вторникот значително се разликува од нејзините претходни потписи, кога давала  автограми.

„Тоа не личи на мојот потпис, зарем не? Не знам од каде дошло тоа“, изјави таа.

И покрај тоа што Кимел повеќепати бараше да ги открие деталите за наводната афера, таа  молчеше, но изјави дека сето тоа било еден непријатен настан.

Во текот на играта Даниелс призна дека имала секс со оженет човек за време на еден голф турнир, но не сакаше да признае дали тој човек некогаш го отпуштил Гери Бусеј во своето реално шоу.

Таа исто така не сакаше да одоговори ниту на прашањето дали некогаш имала секс со маж чие име се римува со „Лоналд Ламп“.

Кимел ги спомена медиумските натписи во кои Даниелс некогаш тврдела дека може да го опише половиот орган на Доналд Трамп, пренесува „Дејли мејл“.

Таа одби да избере морков, истакнувајќи дека ги сака само оние кои светкаат, алудирајќи на дијаманти.

Таа изјави дека смета дека е „невкусно“ тоа што Трамп на дебатата минатата година довел три жени кои го обвиниле претходниот американски претседател Бил Клинтон за сексуално малтретирање.

„Чудно е тоа, зарем не? И невкусно. Дури ни јас никогаш не би го направила тоа“, изјавила таа.

За потсетување, медиумите во средината на јануари објавија вест дека адвокатот на Трамп ѝ платил на порноѕвездата 130.000 долари пред изборите минатата година за да не ги изнесе во јавност деталите за наводната афера со Трамп.

Таа во 2011 година во едно интервју ги открила деталите за нивната сексуална врска. Тоа интервју никогаш не било објавено откако адвокатите на Трамп се заканиле со тужба.

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк:

Видете како изгледало нејзиното гостување синоќа:

Видете ги и останатите детали од емисијата:

Scroll to Top