Џон Стамос ќе стане татко

Холивудскиот актер Џон Стамос, ќе стане татко. Популарниот вујко Џеси од серијата „Полна куќа“ го чека своето прво дете, на 54-годишна возраст.

Актерот и неговата партнерка, 31-годишната Кејтлин се верија во октомври оваа година, а актерот ја побарал за жена во Дизниленд.

Стамос зад себе има еден неуспешен брак, со актерката Ребека Ромијн.

Scroll to Top