Џон Траволта сексуално вознемирувал актер од „Брилијантин“

Џон Траволта во 90-тите му се нафрлил на својот колега Џеф Конавеј, партнерот во „Брилијантин“, наводно за орално да го задоволи додека тој спиел. Проблемот е во тоа што Конавеј не сакал, тврди неговата поранешна свршеница Вики Лизи, која сега изнесе такви обвиненија против Траволта.

Новите обвиненија ги објави National Enquirer. Вики тврди дека она што се случило таа ноќ толку го вознемирило нејзиниот поранешен партнер, а тоа било и причина за завршување на долгогодишната дружба со тогаш веќе големата филмска ѕвезда.

Таа тврди дека Конавеј, кој настапувал со Траволта на Бродвеј, а потоа и на филм, за тоа напишал во своето писмо кога се обидел да направи самоубиство во 2006 година.

 

Овие тврдења се во доменот на шпекулациите и нагаѓање бидејќи Конавеј почина во мај оваа година од компликации од пневмонија. Вики за „Стар“ се осврна и на тоа како Џеф зборувал за тоа како Траволта и неговата сопруга Кели Престон имаат брак кој е фарса. Џеф ми рече дека Кели знаела дека Џон е геј.

Scroll to Top