Џорџ Клуни јавно изјави колку ја сака Амал

Џорџ Клуни (56) со години беше еден од најпосакуваните ергени на светот, а сега e нежен сопруг и татко.

Тој неодамна даде интервју во кое покажа колку знае да биде романтичен. Јавно кажа колку му значи сопругата Амал.

„Мора да кажам дека пред да ги добијам близнаците, го почувствував тоа за неа. Почувствував дека сретнав некого за кого апсолутно би го дал и животот. Сретнав некого чиј живот ми значеше повеќе отколку што ми значеше мојот. И никогаш претходно немав искусено такво нешто“, изјави Клуни во гостувањето кај Дејвид Летерман.

Инаку, ова не е прва романтична изјава на Клуни за либанската 40-годишна адвокатка. Во една пригода во 2017 година тој изјави: „Мислев дека е убава и дека е забавна и очигледно паметна“, мислејќи на нивната прва средба во 2013 година. Само една година подоцна тој ја побара за жена.

Scroll to Top