Џорџ Клуни во трката за нај режисер, вечер на фестивалот во Венеција

Со филм на Александер Пејн вечерва свечено ќе биде отворен 74. фестивал во Венеција. Во трката за главната награда „Златен лав“ оваа година влегуваат 21 филм.

На црвениот тепих во Лидо и оваа година ќе прошетаат оскаровци и најголемите ѕвезди на светската и европската кинематографија. Меѓу нив се Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Џулијан Мур, Џенифер Лоренс, Хавиер Бардем, Мишел Фајфер, Џејн Фонда и Роберт Редфорд, на кои на 1 септември свечено ќе им биде врачен „Златен лав“ за животно дело.

Надвор од конкуренција ќе биде прикажан и филмот „Аур соулс ет најт“ на режисерот Ритеш Батра, во кој главни улоги играат легендарни холивудски глумци. За главната награда на фестивалот „Златен лав“ оваа година се натпреваруваат 21 филм, меѓу кои се остварувања на водечките филмски автори на денешницата. Џорџ Клуни и оваа година се претставува како режисер, чиј нов филм Suburbicon, како што изјавил, ја споил неговата љубов кон фарсата и кон човековата освестеност, а публиката и критиката со големо возбудување го очекуваат на Мостра.

Scroll to Top