Џорџина Чепман ќе добие 12 милиони долари по разводот со Вајнштајн

Модната дизајнерка Џорџина Чепман, од бракот со Харви Вајнштајн, ќе добие скоро 12 милиони долари зардаи предбрачниот договор склучен меѓу поранешниот пар, пушува списанието „Пипл“.

Според предбрачниот договор, Чепман треба да добива по 300 илјади долари годишно како брачна издршка за 9-те години минати во брак. По 10 години брак, сумата се зголемува на 400 илјади долари.

Иако Чепман и Вајнштајн ја објавија разделбата во октомври, на 15 декември беше нивната 10-годишнина од бракот. На 10 октомври Чепман изјави дека го напушта Вајнштајн по обвинувањата за сексуално злоупотребување. Во изјава за „Пипл“ таа рече „Ми се крши срцето за сите жени што настрадале“.

„Таа не сака да биде во брак со Харви“, дознава списанието „Пипл“ од свој извор. „Таа сака развод. Но, исто така и не ѝ се брза“.

Шеесет и петгодишниот Вајнштајн беше во брак со 41-годишната Чепман од 2007 година и имаат две деца на возраст од 7 и 4 години. Тој има уште три деца од претходниот брак.

Продуцентот, кој е повеќекратен добитник на „Оскар“, беше обвинет од преку 50 жени за сексуално малтретирање.

Scroll to Top