Доли Партон со години го изневерувала сопругот

Популарната кантри-пејачка Доли Партон призна дека многупати го изневерила сопругот. Таа во едно скорешно интервју рекла дека со сопругот имаат отворена врска и дека низ годините често била со други мажи, а тоа не го криела од него.

„Имам отворена врска со него, го сакам, тој е мажот на мојот живот. Тоа не значи дека низ годините не сум спиела со други мажи. И секојпат сум му признавала кога ќе го изневерам“, признала таа.

Партон е еден од најпопуларните и најнаградувани пејачки во Америка.

Scroll to Top