Доналд Трамп со идиотски совети за бракот

Меланија Трамп му е трета сопруга, а овие негови ставови можеби се причината зошто неговите бракови не траат долго.

Иако одвреме-навреме знае да изненади со некоја романтична изјава за бракот, Доналд Трамп во најголем дел од времето не е пример за добар сопруг.

Тој често покажува непочит кон својата сопруга Меланија, со која е во брак од 2005 година. Таа е негова трета сопруга.

Со Ивана

Првиот брак му беше со Ивана Зелничкова од 1977 до 1992 година, вториот со Марла Мејплс од 1993 до 1999 година.

Претседателот на САД во текот на годините ги даде овие бизарни совети за бракот:

 

  1. Ако не сака да потпише предбрачен договор, таа не е жената за тебе;
  2. Заминете си од неподносливите жени што постојано нешто негодуваат;

3. За да избегнете несогласувања, само кажете ѝ на вашата жена што да прави – ова го кажа во гостувањето во шоуто на Опра во 1988.

Со Марла, втората сопруга
  1. Немојте да правите грешка и на вашата сопруга да ѝ дадете одговорности во вашиот бизнис;
  2. Пристапете му лабаво на татковството;
  3. Размислете за отворен брак;
  4. Не дозволувајте ѝ на сопругата да ве убеди да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот;

8. Слушнете го советот на сопругата, а потоа игнорирајте го.

Меланија Трамп
Scroll to Top