Доналд Трамп се пошегува на сметка на сопствената ќелавост

„Пријатели мои, работам се само за да ја сокријам ќелавоста. Работам напорно“, се пошегува Трамп за време на својот говор во една организација во Вашингтон.

„Не е лошо, зарем не? Се држам“, додаде Трамп пред да направи пируета и да ја покаже фризурата.

Необичната фризура на американскиот претседател одамна предизвика разни коментари, особено за неговата нијанса на руса коса и речиси портокалова боја.

Според наводите на разни фризери, Трамп ја крие ќелавоста со прамени коса фиксирани со помош на разни препарати.

Scroll to Top