Доналд Трамп деветти пат стана дедо, се роди Ерик Трамп

Ерик Трамп (33) и неговата сопруга Лара (34) добија момче. Му го дадоа името Ерик Лук Трамп. Претседателот на САД, Доналд Трамп, стана дедо деветти пат.Синот на Трамп, Ерик (33), и неговата сопруга Лара (34) станаа денеска родители првпат. Лук Трамп им се придружи на децата на чичко си Доналд Трамп Јуниор, кој со сопругата Ванеса има пет деца.

Тетката Иванка Трамп, пак, со Џеред Кушнер има три деца, објави Си-ен-ен. Јуниор му честита на својот брат што на крајот влезе во клубот. А тетката му посака добредојде на бебето велејќи дека едвај чека да го запознае.

Пред само недела дена Лара Трамп во вежбалница прокоментира дека вежбањето ја инспирира да го роди бебето.

Scroll to Top