Дуа Липа има 33 заби

Поп-пејачката Дуа Липа се пофали дека секогаш била поинаква од другите. Таа на својот инстаграм-профил објави слика од рентген снимка на вилицата на која се гледа дека има 33 заби, иако луѓето имаат по 32 заба. Пејачката морала да направи операција на вилицата и да го отстрани забот, а заради тоа ја откажала и турнејата со Бруно Марс.

„Вашата девојка отсекогаш била различна. Жалам што морам да откажам неколку настапи како загревање за Бруно Марс. Пеев со огромна болка заради умниците и морав да извадам неколку од нив. Уживав многу на турнејата и вознемирена сум што ова ми застана на патот. Се надевам брзо ќе се опоравам и ќе се вратам на турнејата. Ви благодарам на разбирањето“, напиша Дуа покрај видеото на кое се гледа дека е отечена по операцијата на вилицата.

https://www.instagram.com/p/BgSkJL2lHOV/?taken-by=dualipa

Scroll to Top