Двејн Џонсон откри дали ќе добие ќеркичка или синче

Актерот Двејн Џонсон, познат како „Тhe Rock“ (карпата), и неговата сопруга Лорен го чекаат второто дете, а Двејн на многу симпатичен начин откри дали нивната ќеркичка Јасмин ќе добие братче или сестричка.

Двејн на својот инстаграм-профил постави фотографија од малата Јасмин над која напишал: „Ќе биде девојче! Едвај чекам да станам постара сестра и конечно да бидам газдарица!“.

А Џонсон додал: „Лорен и јас сме бескрајно благодарни на овој благослов затоа што на пролет ќе го добиеме нашето второ бебе, а Џез е возбудена затоа што може да газдува и да ја штити својата сестричка. И уште еднаш, големиот татко е опкружен со прекрасна естрогена моќна жена. Сè девојки, еден маж. Не би сакал да биде никако поинаку“.

Scroll to Top