Ед Ширан ќе ја пее насловната тема на „Бонд“

Британскиот пејач Ед Ширан ќе ја пее насловната тема во следниот филм за тајниот агент Џејмс Бонд. Во едно скорешно интервју тој изјавил дека има готова Бонд-песна веќе три години.

Пред него насловни песни за „Бонд“ пееја Дуран Дуран, Мадона, Грејс Џонс, Тина Тарнер, Алиша Киз, Шерил Кроу, Том Џонс… Песната на Сем Смит Writing’s on the Wall освои „Оскар“ за најдобра песна, а Skyfall на Адел освои и „Златен глобус“ и „Оскар“.

Ширан веќе работел на насловни песни за големи филмски проекти, ја сними насловната песна за филмот „Хобит“.

Новиот филм за Џемјс Бонд ќе биде 25. во серијалот, а насловната улога и овој пат ќе ја игра Даниел Крег. Премиерата на филмот е закажана за 8 ноември 2019 година.

Scroll to Top