Еден детаљ од фустанот ја спаси Кејт Мидлтон од срам

Присуството на војвотката и војводата од Кембриџ на вчерашното доделување на наградата „БАФТА“ во Лондон беше проследено во британските медиуми со коментари за модниот избор на Кејт Мидлтон.

Војвотката, која наскоро ќе стане мајка по третпат, избрала смарагден накит и зелен фустан од Џени Пакхман, поради што сите погледи биле упатени кон неа.

Имено, дрес-кодот на вечерта налагал да се носи црна боја, како што неодамна беше случај и на „Златните глобуси“, каде што само три дами не се придржувале до правилата.

Но, критичарите не биле толку гласни со оглед на тоа што фустанот на војвотката бил украсен со црн појас, што бил нејзин начин да продолжи со борбата против сексуална злоупотреба и поддршка за кампањата Time’s UP и MeToo.

Непишаното правило на британското кралско семејство наложува црно да се носи само на погреб, но Кејт, за разлика од вчера, досега неколкупати го има прекршено правилото.

 

Scroll to Top