Елегантна и привлечна, Ева Мендез рекламира парфеми

По успешното лансирање на двојниот мирис Eve Duet, кој може да се меша и со тоа да создава безброј мирисни комбинации, „Авон“ ја лансираше новата колекцијата Eve Discovery. Таа претставува уметничка колекција од индивидуални мириси креирани од неколкумина од најдобрите парфимеристи во светот. Со новата мирисна колекција, жената има шанса да ги усогласи и засили нејзините специјални моменти и да ја искаже својата личност и особеност во секоја пригода.

Холивудската актерка Ева Мендез ќе биде лицето и на колекцијата Eve, која следи по успешното лансирање на кампањата за парфемот Eve Duet.

„Прекрасно е да имате колекција од уметнички креирани мириси кои може да го направат секој момент посебен, но и можат да ги засилат нашите чувства во  која било пригода. Оваа колекција од три мириси ми дава можност да избирам и да покажам каква сакам да бидам, без оглед дали сакам да покажам елеганција, самодоверба или привлечност, што е совршен пристап што одговара за многу пригоди”, вели Ева.

Scroll to Top