Еминем барал дечко преку геј-апликација

Откако го објави својот најнов албум „Ривајвл“, Еминем е повторно во центарот на вниманието на светските медиуми. Во интервју за магазинот „Вултур“ тој зборувал за новата музика, за политичката ситуација во Америка и за љубовниот живот. Тој признал дека ја користел апликацијата за онлајн-запознавање „Грајндр“, наменета за ЛГБТ популацијата.

„Тешко  ми е откога се разведов. Не успевам да се навикнам на сингл животот. Неколкупати излегов на состаноци договорени преку ‘Тиндер’ и ‘Грајндр’. Одам понекогаш и во стриптиз-клубови“, рекол раперот.

Токму спомнувањето на апликацијата „Грајндр“ предизвика бројни реакции кај неговите фанови бидејќи неа ја користи единствено ЛГБТ заедницата за барање истополови сексуални партнери. На социјалните мрежи се појавија бројни прашања и коментари за сексуалната ориентација на Еминем. И додека некои напишаа дека отсекогаш знаеле дека раперот е геј, други тврдат дека лаже дека си барал дечко преку „Гриндер“ за да создаде поголема фама за албумот.

Scroll to Top