Еминем издаде нов албум

По четиригодишна пауза, раперот Еминем го објави својот нов албум „Ривајвл“. Но, како што најавува, тој би можел да биде последен албум во неговата кариера.

Во новиот албум, 45-годишниот музичар пее за политиката, борба со славата, односите со своите деца, зависноста од дрога. Во многу од песните тој навестува дека тоа ќе биде неговиот последен албум. „Можам да ја вратам славата, но тоа не го сакам. Ќе го објавам овој последен албум и ќе завршам со сè…“, вели пејачот.

Дел од песните се посветени на неговата ќерка Хејли, но и на неколкуте негови посвоени деца.

Scroll to Top