(Фото) Џунас Суотамо е Чубака од „Војна на ѕвездите“

Филмот „Војна на ѕвездите: последниот џедај“ ја имаше својата премиера пред речиси три недели, а на црвениот килим во Лондон се појави и Џунас Суомото, човекот кој го носи костумот на Чубака.

Овој 31-годишен актер е поранешен кошаркар. Висок е 209 сантиметри и одлично се снајде во култната улога.

„Благодарен сум за можноста што ми ја дадоа продуцентите. Никогаш не сум бил посреќен од моментот кога ми кажаа дека јас ќе го облечам костумот на Чубака“, рекол тој.

Во „Војна на ѕвездите: последниот џедај“ филмско деби имаа принцовите Вилијам и Хари, кои се појавуваат како стормтрупер војници.

Scroll to Top