ФОТО: Принцот Хари и Меган Маркл првпат во јавност како двојка

Принцот Хари (33) и Меган Маркл (36) вчера попладне се појавија на „Инвиктус“ игрите во Торонто, што е нивно прво појавување во јавност по едногодишната врска.

Додека седеа заедно со децата на трибините, постојано се смешкаа и си шепотеа.

Двајцата присуствуваа на отворањето на Игрите, но тогаш седеа одвоено. Досега избегнуваа да се појавуваат заедно во медиумите, зашто, како што вели Меган, сакале да уживаат во заедничкото време.

Scroll to Top