(ФОТО) Што прави Џулија Робертс низ улиците на Белград

Холивудската актерка Џулија Робертс пристигнала во Белград, каде ќе помине неколку дена со нејзиниот сопруг Даниел Модер и со децата Хејзел, Финеис Волтер и Хенри Даниел.

Неофицијално светски познатата актерка пристигнала во Белград тајно, без претходна најава. Всушност таа го придружува својот сопруг, сценарист, оператор и режисер, кој работи на еден проект во Белград.

Според договорот кој е потпишан, тој се е обврзана да не дава никаква информации, додека филмот не биде завршен. Семејството е
престојувал во хотел на Студентскиот плоштад во српската престолнина.

Во петокот и во саботата Џулија и нејзиното семејство доручкуваа во ресторан „Смоквица“, чии келнери во почетокот дури не ја препознале.

– Таква е каква изгледа и на телевизија. Скромна, нормална и мирна. Никој не ја позна, немаше чувари, седеа во мирна семејна атмосфера. Пријатно беше да ги гледаш – велат келнерите.

Scroll to Top