Фотографија од првата свадба на Меган Маркл

Идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, веќе има еден брак зад себе. Неодамна на интернет се појавија фотографии од свадбата со Тревор Енгелсон во 2011 година и од нејзината прва венчаница. Фустанот на Меган е едноставен, со мало деколте и лента со циркони под градите.

Неколку месеци пред да го запознае Хари, Меган во интервју за „Гламур“ изјавила дека кога би се венчала пак, би сакала фустанот ѝ да биде едноставен, класичен, со чисти линии.

Неколку дизајнери веќе работат на скици за новата венчаница на Меган. Иако се чуваат во тајност, некои од нив беа објавени на интернет, па познавачите на кралскиот протокол велат дека тоа сигурно се скиците што се одбиени.

Scroll to Top