Фотосесија на Џенифер Лопез и Алекс Родригез за „Венити фер“

Поп-ѕвездата Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез пред осум месеци ја обелоденија врската, а сега првпат двајцата застанаа пред фотоапаратот на Марио Тестино, кој ги сликаше за магазинот „Венити фер“.

Пред да ја почнат врската Џенифер и Алекс се познавале 12 години.

„Беше една од оние работи што мораш да ги направиш затоа што те тера нешто однатре“, рекла Џеј Ло во интервјуто присетувајќи се како го сретнала Алекс на ручек во ресторан во Беверли Хилс. „Можев да си заминам, но, наместо тоа, му пријдов, го допрев за рамото и му реков ‘здраво’“.

Џенифер и Родригез се новата моќна двојка на Холивуд и го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Иако двајцата секогаш изгледаат среќно и заљубено, сепак, најсреќни се децата на Родригез, кои, според Алекс, се воодушевени од новата девојка на татко им.

Scroll to Top