Фустанот на Маленија Трамп ја збогати колекцијата на музејот „Смитсонијан“

устаните на првите дами  на САД од инаугурацијата традиционално се дела од  поставката на музејот „Смитсонијан“ во Вашингтон. Покрај фустаните на Ненси Реган, Џеки Кенеди, Хилари Клинтон, Мишел Обама од вчера, колекцијата е збогатена и со фустанот што го носеше на инаугурацијата  Меланија Трамп. Фустанот е креација на дизајнерот Ерв Пјер.

На свеченоста Меланија  ја раскажа како е создадена креацијата.

– Да бидам искрена, што ќе носам на инаугурацискиот бал беше последното нешто на што мислев, а доказ за тоа е што кутриот Ерв имаше само две недели да го искреира и создаде ова уникатно парче – изјави првата дама..

Тие двајца никогаш претходно не соработувале заедно.

-Таа сакаше да работи со некој што ќе направи нешто повеќе од само дизајн на фустан. Сакаше некој со кој ќе може да соработува во вистинска смисла на зборот – изјави дизајнерот.

Scroll to Top