(Галерија) Џенифер Лопез го продава станот во Њујорк

Џенифер Лопез го продава својот стан во Њујорк по цена од 26,95 милиони долари. Пентхаусот, кој е на два ката, има поглед на паркот Медисон сквер на Менхетн. Има четири спални соби, шест бањи, две простории кои претставуваат посебно одвоени тоалети, кујна на отворено, музичка соба, гардеробер и пералница. Станот има 610 квадрати, дополнет со четири балкони со површина од 288 квадрати.

Се верува дека Џенифер го продава станот за да купи заеднички стан или куќа со своето момче Алекс Родригез.

Scroll to Top