Луис Фонси и хитот на деценијата „Despacito“ доминираа на овогодишното доделување на наградите Греми.
Песната доминираше на синоќешното доделување на латино Греми наградите и освои награди за албум на годината, песна на годината, најдобро музичко видео и најдобар настап.
Фонси вели дека песната го обединила светот и ги срушила јазичните бариери. Луис Фонси одамна правеше хитови и беше славен во латино заедницата, овој пат тој го има статусот на светска музичка ѕвезда.