Хајди Клум раскина со момчето

Хајди Клум, eдна од најпознатите светски манекенки, ја раскина врската со младиот њујоршки куратор Вито Шнабел. Тие беа во врска од 2014 година и иако неодамна се појавија шпекулации дека Вито ја изневерува, тие останаа заедно.

Според медиумите, Хајди ставила крај на врската првенствено поради нејзините деловни и семејни обврски. Хајди е мајка на четири деца, ќерката Лени од врската со Флавио Бријаторе, и три деца  од бракот со пејачот Сил.

Scroll to Top