Хари и Меган ќе носат две презимиња   

Принцот Хари и актерката Меган Маркл веројатно ќе ги корситат само своите имиња, но при запишувањето во книгата на венчани, ќе го користат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Со тоа презиме се служат наследниците на кралицата Елизабета Втора, а тоа е спој од нејзиното презиме и презимето на нејзниот сопруг, принцот Филип.

На тој начин, целосното име на Меган, ако така се договори со Хари, ќе гласи Меган Маунтбатен-Виндзор.

Во книгата на венчани, со тоа презиме се запишаа принцезата Ана, грофот Едвард и принцот Ендрју, а принцот Чарлс не запиша никакво презиме после венчавката.

Веќе е познато дека Меган после венчавката за принцот нема да стане принцеза, туку војвотка, ако кралицата Елизабета Втора одлучи на својот внук да му го даде називот по војводата од Сасекс.

За порталот „Town & Country“, историчарка и експерт за кралското семејство Каролин Харис, ги објасни правилата до кои принцот и актерката треба да се придржуваат.

Иако членовите на кралското семејство најчесто не користат презимиња, младите членови имаат право да одлучат дали сакаат презиме или не. Хари и Меган веројатно ќе ги користат само своите имиња, но при запишување во книгата на венчани, се претпоставува дека ќе го користат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Не е познато дали принцот Вилијам го избра истото презиме, бидејќи, за разлика од многу кралски личности, тој побарал овие информации да не бидат јавно достапни.

Scroll to Top