Хју Џекман ја одбил улогата на Бонд

Актерот Хју Џекман неодамна во интервју за магазинот „Варајети“ рекол дека пред многу години ја одбил улогата на тајниот агент Џејмс Бонд.

„Го снимав вториот дел од филмот ‘Х-мен’ кога ми се јави мојот агент да ми каже дека ми ја нудат улогата на следниот Бонд. Му реков дека не ми се допаѓа, дека треба да го направат малку пореален, а неговиот одговор беше дека никој мене ништо не ме прашува, освен да го потпишам договорот. Одбив, зашто помеѓу снимањата на ‘Х-мен’ и Бонд кои се серијали, не би имал приватен живот“, признал актерот.

Во тоа време улогата на Бонд ја играл Пирс Броснан, кој исто така се пожалил на нереалните гаџети што ги користи 007 во филмот. По Броснан улогата на Бонд ја доби Даниел Крег.

Scroll to Top