Иванка Трамп како научник ги инспирираше твитерџиите

Иванка Трамп (36), ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, ја посетила државата Ајова каде што разговарала за плановите на својот татко за вложувања во инфраструктурата.

Иванка разговарала и за финансирање на програмата за обука за работа и објавила неколку фотографии на „Инстаграм“. Го посетила и „APEX“ центарот во Ајова, каде што учествувала во некои експерименти. Како што пишува „Бизнис инсајдер“, Иванка била воодушевена од тоа што имала можност да почувствува како изгледа да се занимава со ваков занает.

Ова е сјајно, да се биде на вакво кул место. Тешко дека ќе се ослободите од нас“, изјавила ќерката на претседателот.

Иванка веднаш по изјавата облекла мантил, ставила ракавици и заштитни очила и позирала како научник.

Фотографиите брзо се рашириле на социјалните мрежи и додека некои добро се насмеале, други биле навредени.

„Чао Иванка, супер е што позираш како научник на ‘Инстаграм’, но некои од нас навистина се научници. Кажи ни што правиш на оваа фотографија. Јас правам батерија“, напишал научник испровоциран од позирањето на Иванка.

Објавата на ќерката на претседателот на САД, покрена лавина шеги на социјалните мрежи:

Scroll to Top