Изгубил 40 килограми и станал манекен на Бекам

Велшанецот Гвилим Пух во еден момент од животот имал дури 127 килограми. За пет години изгубил 40 килограми и почнал да работи како манекен. Тој е дури ангажиран и во модната кампања за брендот на Бекам.

По совет на својот бербер, го променил животот. Берберот го наговорил да пушти брада, а токму таа го направила познат во светот.

„Тогаш имав вишок килограми, работев по 12 часа дневно, имав проблеми и со повреди и не можев да тренирам“, раскажал Пух.

Тој и неговите пријатели основале фолк-бенд, а берберот го советувал да пушти брада. Потоа почнал диета, а најголемата промена во животот му се случила кога ја напуштил канцелариската работа.

„Најдобра работа за моето здравје беше што прекинав да седам девет до десет часа дневно“, вели Гвилим.

Scroll to Top