Јусеин Болт постави нов рекорд – во Грција направи сметка од 88.326 евра

Познатиот атлетичар Јусеин Болт го прослави крајот на својата кариера на луксузен начин. Спринтерот ги повел пријателите на својот омилен остров Миконос, а во клубот „Намос“ постави нов рекорд – сметка од 88.326 евра.

„Во средата попладне во ‘Намос’ насекаде имаше шишиња со шампањ, а Болт ја изведе својата последна и најтеатрална претстава“, пишува грчкиот весник „Прото тема“ и додава дека најголем шок била сметката на крајот од вечерта.

Болт со пријателите јаделе и пиеле само најквалитетно, а најевтино шише шампањ во тој локал е 120 евра и се служи во запечатена кутија која се отвора пред гостите.

Во само првиот час болт и неговите три пријатели нарачале „дом перињон роуз“ од 2002 година, чија вкупна вредност изнесувала 75 илјади евра, потоа нарачале уште по едно шише кои чинеле по 1.100 евра. Грчкиот весник трвди и дека поседува и фотографија од оваа досега најголема сметка во овој локал.

Scroll to Top