Кајли Миног проговори за несреќната љубов

Иако е најплатената австралиска ѕвезда и една од најуспешните музички ѕвезди во Холивуд, Кајли Миног има навистина бурен приватен живот. Неодамна ја остави 19 години помладиот свршеник, британскиот глумец Џошуа Сас.

„Бев скршена и само сакав сè да престане. Знаев дека треба да закрепнам. Моето здравје беше загрозено и мислам дека имав нервен слом“, вели таа за магазинот „Сандеј тајмс“.

Кајли ја зела својата пријателка и отишле на Тајланд со цел да закрепне и да избега од сите проблеми. Таа сфатила дека не треба да му прости на својот поранешен свршеник ниту, пак, да биде повторно со него иако сакале да основаат семејство.

Во спротивно, таа одлучила дека никогаш нема да раѓа деца. „Не е возможно, а да не се запрашате како би изгледало тоа доколку имав дете. Но, од оваа перспектива сè повеќе верувам дека тоа мене нема да ми се случи“, рекла Миног.

„Непосредно по раскинувањето, мислев дека никогаш повеќе нема да им верувам на мажите, а со текот на времето сфаќате дека животот продолжува. Сакам да сум заљубена и не губам надеж. А дали мојата следна врска ќе успее? Можеби нема, но ќе ѝ дадам можност“, откри за „Сан“.

Кајли и Џошуа биле во врска од 2015 година, а се свршиле по неколку месеци. Крајот на врската следувал по три години врска.

Scroll to Top