Ќе се снима серија за првата година од мандатот на Трамп

Според американските медиуми најверојатно ќе се снима ТВ-серија базирана на книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Оган и бес: во Белата куќа на Трамп“. Во книгата се изнесени бројни неверојатни тврдења за првата година од мандатот на Доналд Трамп како претседател на САД.

Агенцијата „Ендивор контент“ веќе ги откупи правата за снимање серија. Книгата досега неколку пати беше критикувана од американскиот претседател, кој тврди дека е полна со измислици и лаги. Таа содржи сведоштва на поранешниот советник во Белата куќа, Стив Бенон, кој беше отпуштен откако јавно го критикуваше синот на Трамп, Доналд Трамп Помладиот, за неговата средба со адвокат од Русија.

Мајкл Вулф тврди дека книгата е базирана на над 200 интервјуа и кажува дека и тој самиот имал непречен пристап во Белата куќа.

Scroll to Top