Кејт Бланшет ќе биде претседател на жирито на Канскиот фестивал

Австралиската актерка Кејт Бланшет ќе биде претседател на жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 8 до 19 мај. Таа е дванаесеттата жена што ќе биде на чело на жирито на Канскиот фестивал. Претходната жена-претседател беше новозеландската режисерка Џејм Кемпион.

Оскаровката последниве месеци е една од предводничките во борбата против сексуалното вознемирување и со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираше фондацијата „Готово е“ (Time’Up) за помош на жртвите од сексуално малтретирање.

Scroll to Top