Кејт Мидлтон ја донираше својата коса на девојчиња болни од рак

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, пред три месеци ја потстрижала косата и ја донирала во хуманитарни цели. Таа побарала од неа да се направат перики за девојчиња болни од рак.

Кејт ја скусила косата скоро 20 сантиметри, по што ја донирала во оргнизацијата „Малечка принцеза“, здружение што произведува перики за девојлиња кои по хемотерапија и зрачење останале без коса. Војвотката на оваа идеја дошла пред четири месеци кога фризерот ѝ предложил да ја скрати косата оти ѝ била предолга.

„Косата е испратена под лажно име така што организацијата не го знаеше нејзиното вистинско потекло“, за медиумите открила пријателка на Кејт, една од ретките што знаеле за идејата на војвотката.

„Прекрасно е кога ќе помислите дека таму некаде некое девојче носи перика направена од косата на нашата принцеза. Многу е трогателно тоа што го направи Кејт и многу внимателно бидејќи косата би била фрлена,“ додала таа.

Кејт, сепак во јавноста носи екстензии, бидејќи долгата, густа коса е нејзин заштитен знак.

Scroll to Top