Кејт и Вилијам ја прекршија традицијата, синот ќе учи во нормално школо

За две недели, принцот Џорџ, синот на Кејт и Вилијам ќе тргне на училиште. Тој е  третиот по ред наследник на кралскиот трон во Велика Британија. Запишан е во училиштето „Томас“, каде годишна школарина чини 20 илјади фунти. Наставата е со натпреварувачки карактер, а сите ученици треба да бидат дружељубиви, добри и љубезни, но и да поседуваат високо ниво на самодоверба.

Некои родители ги запишуваат на список во ова училиште децата веднаш по раѓањето.

Училиштето располага со свои автобуси, спортски терени, истражувачки лаборатории, кабинети со компјутери и музичка секција.

Задолжително е учењето на латинскиот јазик за учениците од петтата година. Училиштето дури има и сопствено одморалиште во Австрија каде се реализираат зимските екскурзии.

Кејт и Вилијам ја прекршуваат традицијата според која машките наследници учат во училишта за момчиња, како што било со Вилијам и Хари.

Scroll to Top