Кејт Винслет: Не си се допаѓавме со Лео за да бидеме во врска

И по толку години фановите на култниот филм „ Титаник“, кој го режира Џејмс Камерон, се прашуваат зошто Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо никогаш не беа навистина во љубовна врска.

Винслет (42) 20 години подоцна во интервју за британски ITV даде одговор на прашањето.

„Двајцата бевме многу млади. Ама никогаш не си се допаѓавме на тој начин. Знам, звучи иритирачки“, рече актерката.

Таа додаде дека постојано се шегувале со Ди Каприо заради тоа и дека со текот на времето станале многу добри пријатели.

Низ годините двајцата секогаш со многу љубов и почитување зборувале еден за друг, а во една пригода Винслет ја опиша нивната блискост како меѓу брат и сестра.

Scroll to Top