Кендал Џенер го купи имотот на Чарли Шин

Супермоделот Кендал Џенер платила 8,5 милиони долари за да го купи имотот на актерот Чарли Шин, кој се наоѓа на Беверли Хилс. Куќата има пет спални соби и пет бањи.

Кендал во моментот го продава својот претходен дом, сместен во западен Холивуд, затоа што пред неколку месеци беше ограбена и ѝ беше украден накит вреден 200.000 долари. Оваа куќа Кендал ја продава за 6,5 милиони долари.

Scroll to Top